Државниот празник на Албанија синоќа се славеше на централниот плоштад во Атина.
На 28 ноември 1912 година беше потпишана декларацијата за независност на Албанија од Отоманската империја.
По повод овој настан стотина Албанци попладнето возеа со свирки и знамиња низ улиците на Атина и потоа се собраа на плоштадот Синтагма.
Како што може да се види на видеата објавени на Тикток, Албанците држеле знамиња, носеле маици со националниот амблем, пееле песни и скандирале.






