
Со голема тага Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниот народ ја примија веста за упокојувањето на Неговото Високопреосвештенство, владиката Тимотеј.
Владиката Тимотеј остави длабока трага во животот на МПЦ-ОА, особено преку својата посветеност и неуморна работа во Дебарско-Кичевската Епархија. Неговото делување беше обележано со духовна сила, мудрост и залагање за развојот на Црквата.
„Утеха за нас верните е сознанието колку тој се вложи во изградбата на МПЦ-ОА и колку придонесе за нејзиниот напредок. Господ да го насели во Царството Негово кај светите и праведниците!“ – се вели во соопштението.
Верниците и Црквата ќе го паметат како духовен пастир кој остави неизбришлив белег во македонското православие. Вечнаја памјат, владико Тимотеј!






