Косовскиот снабдувач со електрична енергија на македонскиот пазар „Футуре Енерџи Трејдинг“ е пред суспензија. Ваква одлука за опомена во петокот донел националниот оператор на пазарот МЕМО, пренесе Фактор.
„Футуре Енерџи Трејдинг“ е една од компаниите кои влечеа струја од системот на МЕПСО за време на енергетската криза и потоа му останаа должни на националниот оператор кој го организира преносот на електрична енергија во земјата.
Опомената е поднесена на барање на МЕПСО, а причината е „нерегулирана балансна одговорност“. Косовска компанија има само неколку дена рок да го испочитува договорот со МЕСПО, во кој има и анекс од декември 2022 кога на приватните фирми должници им беше одобрена можност да го плаќаат долгот на рати.
„Футуре Енерџи Трејдинг“ во последните две години оствари солидна добивка. Во 2022 на продадена струја од 24 милиони евра, заработи повеќе од 900.000 евра, а во 2023 на приходи од 11,5 милиони евра, има добивка од 650.000 евра.
Оваа компанија на МЕПСО, според објавените должнички фактури за 2021, на националниот оператор на системот за пренос на електрична енергија му била еден од најголемите должници со 298.624.967 денари, односно безмалку 5 милиони евра. Компанијата со седиште во Тетово и во 2022 направила огромни негативни отстапувања со 19.636 мегаватчасови преземени од МЕПСО.
Извор: Вечер.мк






