Трговските објекти традиционално во пресрет на последниот месец од годината почнуваат со новогодишно и божиќно украсување.
И скопската општина Центар веќе почна со празнично украсување, додека за центарот на главниот град, за кој надлежен е Град Скопје, граѓаните се скептични дека ќе се украсува пристојно.
Повеќето жители на Скопје минатата година, за непразничната атмосфера на плоштадот „Македонија“, прстот го вперија кон градоначалничката Данела Арсовска. За годинава, за сега нема информации дали ќе се украсува, но несомнено нема ниту многу надеж кај граѓаните дека тоа ќе се стори.
Центарот на Скопје секогаш за празниците бил средиште на бројни настани и се издвојувал по украсувањето.
Во фејсбук групата „Стари скопјани“ се објавени фотографии од минатото кога центарот на Скопје бил новогодишно украсен.
Еве како изгледал тогаш:










