Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, објави дека Министерството со поддршка од Европската Унија успешно обезбедило 6 еколошки автобуси кои ќе бидат донирани на ЈСП Скопје во текот на наредната недела.
„Ја разгледуваме и можноста за набавка на 100-120 електрични автобуси, со што би понудиле одржливо решение за јавниот превоз во земјата и значително би го подобриле квалитетот на воздухот, особено во Градот Скопје,“ истакна Меџити.
Предвидено е новите автобуси да бидат распределени не само во Скопје, туку и во други општини со организиран јавен превоз. Меџити подвлече дека Владата ќе продолжи да работи напорно за доброто на граѓаните, ставајќи ја нивната благосостојба во прв план.







