Честитам на 80-годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која со својата богатa библиотечна имовина и фонд од над 3 милиони збирки, од кои некои се прогласени за културно наследство, се докажа како клучен стожер на културата, науката и образованието во Македонија.

Со одлука на Президиумот на АСНОМ, оваа библиотека беше основана, а нејзиниот придонес во развојот на Македонија е неизмерен. Денес, благодарение на посветеноста на директорот Јовица Никчевски и неговиот тим, библиотеката продолжува да игра важна улога во зачувувањето и презентирањето на нашето културно наследство.

Со големо задоволство ги поздравувам сите активности и заложби на НУБ, а посебно им честитам за успешно менаџирање на овој важен јубилеј. Познавајќи го директорот Никчевски, сигурен сум дека библиотеката ќе продолжи да има светла иднина и ќе остане непроценлив извор на знаење и културен иденитет.
Честа ми беше да бидам дел од ова значајно случување.







