Втора измама во Куманово со биткони влезе во евиденцијата на полицијата. Кумановка на возраст од 59-години пријавила дека е измамена за сума од 88.338 денари информираат од полицијата во Куманово. Да биде трагедијата поголема таа зела и брз кредит за да добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.
„Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоинит“е, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.






