Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) располага со 101 од вкупно 1.761 засолниште колку што има во Македонија во случај на потреба од засолнување од евентаулни последици, по дозволата што ја даде американскиот претседател во заминување, Џо Бајден американско оружје да се употребува на руска територија што ја зголемува опасноста од можна нуклеарна војна. Од ДЗС за МКД.мк велат дека на цела тетиторија на Македонија има 185.465 засолнишни места, доволни да се засолни 18 отсто од населението. Во случај на потреба од засолнување на целото население потребни се вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Македонија. Западните земји веќе на големо се подготвуваат во случај на заострување на војната помеѓу Русија и Унгарија која може да ги надмине границите на овие две држави.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) велат дека пред 10 години Дирекцијата направила реконструкција и реновирање на дел од засолништата што ги поседува и дека е во комуникација со Владата за да се обезбедат пари во буџетот за ревитализација на останатите засолништа. Како што објаснуваат од ДЗС, засолнувањето опфаќа планирање, изградба, одржување и користење на засолништата и други заштитни објекти и засолнување на населението, материјалните добра и заштитените древни, културни добра на државата.
Целиот текст на МКД.мк







