Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, одржа отчет пред над 1000 граѓани, нагласувајќи ги успесите и заложбите во текот на неговите три години мандат.

„Ова е историски момент! Благодарност до сите што веруваа и останаа со нас во оваа мисија. Вашата поддршка е нашата најголема инспирација,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на својот тим, на Советот на Општина Кисела Вода и на сите советници кои, како што рече, покажале конструктивност и соработка надвор од партиските рамки. Посебна благодарност упати до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за нивната поддршка во реализацијата на клучни проекти.

„Најдоброто допрва доаѓа! И за Пржино, Црниче, Бирарија, Драчево и сите населби на Кисела Вода. Овие три години се само почеток, а заедно ќе ја изградиме иднината која сите ја заслужуваме,“ порача градоначалникот.
Ѓорѓиевски заврши со силна порака за заедништво и посветеност, истакнувајќи дека граѓаните остануваат главен фокус и водич за идните успеси на општината.







