Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.А поради сторена измама. Имено на него му бил даден автомобил, а за возврат требал да изработи мебел кој не го направил.
„Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“. Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето“, се вели во соопштението на МВР.






