Денеска за првпат се одржуваат пратенички прашања според новиот деловник усвоен од претходниот состав на Собранието.
Според новите правила не се знаат прашањата но однапред се знае на кого се однесуваат пратеничките прашањата.
Тие од сега натаму ќе се поставуваат до членовите на владата кои пратениците однапред ги повикале да одговораат.
На првата ваква седница за пратенички прашања најинтересна за опозицијата е министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Божиновска која допрва го етаблира новото министерство кое го раководи денеска ќе треба да одговори на три прашања, две поставени од СДСМ и едно од Левица.
Божиновска претходно наместо да биде прашувана за проектите во енергетиката во дел од јавноста беше ,,расчеречена” за бугарскиот пасош иако таа одамна побарала отпуст од бугарско државјанство.
Иако е јавна тајна дека таа де факто веќе не е бугарски државјанин затоа што бугарската потпретседателка Јотова не сака да го потпише актот за отпуст од државјанство наводниот бугарски пасош се уште е интересна тема за дел од јавноста.
Бугарската потпретседателка Јотова не сака да го потпише актот со кој Божиновска формално нема да биде бугарски државјанин за да може да води ефтина пропаганда дека наводно во македонската влада има бугарски граѓани.
На седницата за пратенички прашања денеска три прашања има и за министерот за здравство Арбен Таравари, две има за премиерот Христијан Мицкоски и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ….







