Очигледно дека акцијата на НЛБ Банка е една од најатрактивните хартии од вредност на нашата берза. Причините за тоа се бројни, но веројатно една од најважните е редовна и обилна дивиденда која контиуирано ја добиваат нејзините акционери
Интересен ден на Македонската берза за хартии од вредност. Откако „Фактор“ објави дека градежните компании „Адора Инженеринг“ и „Настел“ се меѓу тројцата најголеми инвеститори во НЛБ Банка таа акција не мирува. Во последниве пет трговски дена нејзнината пазарна цена порасна за 5.5000 денари и таа акција сега се тргува и на ниво од 49.500 денари за акција. Ова е највисока пазарна цена што акцијата на НЛБ Банка ја достигна во период од цела година наназад.
Очигледно дека интересот за таа акција јакне и расте. Вчера беа истргувани вкупно 109 акции за промет од речиси 900.000 евра. Највисоката цена беше 49.500 денари, а таа е воедно и највисока годишна цена за таа акција.
Но вчерашното тргување имаше посебен белег. Истргуваната количина беше видно повисока од вообичаените истргувани количества акции. Вчераутро беше поставен налог на куповната страна за 100 акции на НЛБ Банка.
Инвеститорите и трговците на продажната страна ја прифатија фрлената ракавица. Во текот на целото тргување од 10 до 14 часот беа истргувани вкупно 109 акции.
При тоа беше реализиран и целиот куповен налог на 100 акции.
Неофицијално дознаваме дека станува збор за дама, која воедно е блиска роднина на познат македонски бизнисмен од стар ков. Очигледно дамата решила шопингот да го замени во вложување во акции на голема домашна банка која е позната на како редовен делач на дивиденди кои не се за потценување и се едни од најдобрите во редот на домашните банки кои делат дивиденда.
Таткото пак од друга страна во периодов е во фокус на инвеститорската јавност затоа што е се споменува во процес на менување на сопственоста во една домашна голема компанија – акционерско друштво.
Извор: faktor.mk







