Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по повод Светскиот ден на детето, учествуваше на специјална седница на Владата под слоганот „Слушнете ја иднината“.

Заедно со премиерот и останатите министри, Божиновска разговараше со децата за клучни теми како климатската и еколошката криза, напредните технологии и демографските предизвици. Таа истакна дека децата се инспирација за сите проекти кои се реализираат, нагласувајќи дека сегашните активности се вложување во нивната иднина.
„Вашите прашања и идеи денес можат да станат решенија за утре,“ порача Божиновска, поттикнувајќи ги децата да размислуваат креативно, да бидат љубопитни и активно да се вклучуваат во науката и технологијата.
Таа ги охрабри младите генерации да сонуваат и да размислуваат за тоа како нивната страст и иновации можат да помогнат во создавање на напредна и одржлива иднина за Македонија. „Среќен Светски ден на детето!“ заврши Божиновска со силна порака за поддршка на младите.






