Општина Битола ја завршува финалната фаза од проектот за изградба на нова улица помеѓу маркетот „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“. Проектот опфаќа изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа, со што значително се подобруваат инфраструктурните услови во овој дел од градот.

Со инвестиција од 18.897.776 денари, општината го реализира овој проект кој е од големо значење за економскиот развој на Битола. Изградбата на оваа улица не само што ќе овозможи подобра поврзаност за граѓаните, туку и ќе создаде услови за привлекување нови инвестиции и зголемена посетеност.
Активностите се очекува да бидат целосно завршени до крајот на неделава, во зависност од временските услови, со што овој дел од градот ќе добие нов, современ изглед.







