Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го потпиша меморандумот за енергетска соработка меѓу Македонија и Косово.
Со овој документ се поставуваат темелите за заеднички енергетски проекти, инвестиции и размена на знаење, насочени кон стабилна енергетска транзиција, развој на обновливи извори на енергија и обезбедување сигурно снабдување.
„Балканот може и мора да биде пример за енергетска одржливост. Ова партнерство е важен чекор кон градење подобра енергетска иднина за сите нас,“ истакна Божиновска.
Меморандумот ја истакнува важноста на регионалната соработка за постигнување долгорочна енергетска стабилност и одржлив развој.







