Зелената партија Демократска Обнова на Македонија – ДОМ како вонпарламентарна партија бара од пратениците да поднесат амандмани на буџетот за 2025 година во делот на обезбедување средства за довршување на ремедијацијата на малата депонија со изомери на НСН (линдан) во ОХИС Скопје во висина од 7 милиони евра .
„Сакаме да укажеме дека актуелното загадување на амбиенталниот воздух со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички во комбинација со емисиите на канцероцени честички од изомери на НСН од депоните во кругот на ОХИС е “канцерогена бомба” која предизвикуваат малигни заболувања кај граѓаните на метрополата и пошироко.







