Ајде едно замислено сценарио: влегуваш во кафич, внатре 100 луѓе. Еден мутав келнер изиграва некаква даса, и маската ја носи под вилица, како моден детал, или на уше, иако очигледно мора да има големи уши за да му стои така цел ден, пошто мене ми паѓа за две минути. Е тој истиот е асимптоматски случај и не е ни свесен дека е извор на зараза. Ти се штитиш цел ден, носиш маска ко идиот, почитуваш правила само за да не загрозиш некој друг.
Е арно ама, овај курназов одбива, пошто тој е многу јак. И ти одиш на кафе со татко ти кој има преку 70 години, или со бабата (мајката на жена ти). Тие кутрите, исплашени, последниве 5-6 месеци, се чуваат невидено, ама овој курназов келнер, служи на маса и ги заразува сите.Ти преживуваш, ама татко ти умира. Иако се пазел цела година. Зошто? За да седне со син му да не му расипе ќеф на синот.Знаете што ќе се случи после со келнерот? Одговорот е во олово и долга деветка. Ама тогаш е веќе доцна, назад нема. Умрените умреле, а ние ќе си ги чукаме главите зошто ни било потребно кафето! Некој следен ден вината и лудилото и нам ќе ни го земат умот.Одговор, ако видите келнер без маска, директно бокс во чело, па после кажете му зошто го тепате!
НОСЕТЕ МАСКИ АЈВАНИ!






