Во рамки на официјалната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на COP29 во Баку, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, оствари продуктивна средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Тема на разговор беше продлабочувањето на соработката во областа на енергетиката, со фокус на гасификацијата и интересот на Македонија за диверзификација на енергетските извори. Потврдена беше подготвеноста за заеднички проекти, што, во комбинација со неодамна потпишаниот меморандум, претставува значаен чекор кон подобрување на енергетската стабилност во Македонија.






