„Лицето е стабилно и е надвор од животна опасност. Има изгореници, и сè уште се прават испитувања. Ќе му биде предложено да биде задржан на лекување“, вели директорот на Градската општа болница

Лицето што беше повредено при денешната експлозија во скопска Ќерамидница е надвор од животна опасност, вели Небојша Настов, директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во изјава за „360 степени“.
„Лицето е стабилно и е надвор од животна опасност. Има изгореници, и сè уште се прават испитувања. Ќе му биде предложено да биде задржан на лекување“,
вели Настов.

Лицето е повредено денеска околу 9:20 часот кога во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница беше фрлена експлозивна направа.







