На почетокот на денешната седница на Советот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодари на советниците за поддршката на иницијативата која ја достави до Советот за одржување на вонредната седница за нивното прифаќање, со како што рече, Општина Битола да има одобрена програма за развојните планови за периодот 2025-2027 година.
Со ова рече тој се овозможува континуитет во работењето на локалната самоуправа, особено во континуитетот на продолжување на инфраструктурните проекти и зафати.
„Би сакал да кажам дека Општина Битола е во фаза на изготвување на огромна проектна документација која вклучува проекти од водоводната и канализационата, патната инфраструктиура, паркинзи, проекти и во градот и во руралните средини, што ќе значат подобрување на условите за живот во општината“ рече Коњановски.
Тој искрено ги замоли да ги остават настрана дневната политика и интересите на партиите, а сега да се обединат, не само декларативно, туку на дело за поубава и подобра Битола за сите нас.







