Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Градско – планински превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.







