Денес, на 13 ноември, во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја пофали посветеноста на најмладите скопјани, кои преку претстави ја обележаа овој важен ден. Тој нагласи дека, и покрај сите предизвици, секоја генерација има должност да остави белег во развојот на градот.

„Скопје е љубов и за нас, како локална самоуправа, е наша обврска да ги унапредуваме условите за секое дете и млад човек. Ќе продолжиме да работиме на тоа со љубов и посветеност“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека особено важни за развојот на најмладите се вработените во јавните детски градинки.
Тој им оддаде признание на педагозите и воспитувачите за нивната исклучителна работа и истакна дека наградите што им беа доделени ќе бидат дополнителен мотив за нивна уште поуспешна работа.

„Нашите деца заслужуваат најдобро и затоа ќе продолжиме да се бориме за Скопје да биде уште поубаво и гордо место за живот“, заклучи Ѓорѓиевски.






