Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изрази почит кон храбрите борци кои се жртвувале за слободата на градот. Тој во своето обраќање нагласи дека денешниот ден не е само симбол на историјата, туку и на обврската кон иднината на Скопје.

“Денес го славиме 80-годишниот јубилеј од моментот кога нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги. Секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон тие кои ни ја подарија слободата”, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека неговиот тим е посветен на изградба на модерно Скопје што ќе биде гордост за неговите жители.

Градоначалникот истакна дека се задолжени да го продолжат патот на своите предци, градечи нова, подобра иднина за градот. Тој изрази уверување дека следат поубави времиња за Скопје, кои ќе донесат нов лик на градот, во кој ќе биде гордост да се живее.
“Скопје повторно ќе биде горд град. Да живее слободно Скопје, да живее Македонија!” заврши Ѓорѓиевски.






