По повод 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска се одбележува Денот на градот, ден кој потсетува на жртвите и хероите кои со својата пожртвуваност го ослободија главниот град од окупаторските сили. Во борбата за ослободувањето на Скопје учествувале 87 жртви и над 1200 борци, кои останаа врежани во историјата како симболи на отпорот, слободата и стремежот кон подобра иднина.
„Денеска се поклонуваат не само Скопје, туку и цела Македонија пред делата на овие храбри луѓе. Нивната жртва треба да биде водилка за нашите, но и за идните генерации,“ истакна министерот за правда, Игор Филков, во своето обраќање.
Тој нагласи дека нивните дела се темелите на модерното општество, и дека е важно сите да се инспирираме од духот на солидарноста, единството и напредокот. „Денеска имаме обврска да го зачуваме и изградиме Скопје како модерна метропола, место кое ќе биде пример за сите, град кој ќе продолжи да просперира,“ додаде Филков.
Целосната посветеност на ослободителите и хероите на Скопје останува аманет кој носи одговорност за сегашните и идните генерации, кои продолжуваат да ја градат и негуваат иднината на главниот град.







