Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против кој обвинителството во Штип отвори истрага за мобинг и злоупотреба на службената должност обвинува дека целиот случај има заднина.
Тој го спомена државниот обвинител Љупчо Коцевски и една обвинителка, која како што кажа има претензии да го заземе неговото место. Хајрулахи не сакаше да каже дали се работи за обвинителката Фатиме Фетаи. Вели дека не знае кој од обвинителите, му поднел пријава за малтретирање на работно место. Како што кажа, кривичната е поднесена на 31 октомври.







