Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со добра волја и соработка помеѓу институциите ќе се најдат прифатливи решенија за граѓаните. На денешната средба во просториите на ЗЕЛС, заедно со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се зацртаа правците за решавање на актуелните проблеми со водоснабдувањето и манганот во водата во Струмица. Ѓорѓиевски додаде дека ЗЕЛС останува обединет и дека политиката ќе биде ставена настрана, при што приоритет остануваат потребите на граѓаните.

Договорено е формирање на комисија од научни институции која ќе ги следи состојбите на браната Турија и ќе ја анализира појавата на манган во водата. Исто така, општина Струмица ќе го сервисирате својот долг кон АД “Водостопанство” согласно утврдена динамика.

„Како претседател на ЗЕЛС, ќе се заложам за конструктивен дијалог и комуникација помеѓу институциите, така што проблемите ќе се решаваат на маса“, нагласи Ѓорѓиевски.






