Рано утрово во полиција било пријавено дека се запалил „Фолксваген Туарег“ на паркинг-простор во близина на Бит-пазар, соопшти МВР.
„На 12.11.2024 во 03.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.И.(30) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.






