Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, одржа работна средба со претставниците на зимската служба, со цел навремена координација и подготовка за претстојната зимска сезона 2024-2025 година. На состанокот учествуваа сите релевантни институции, вклучувајќи ги општинските јавни претпријатија, Македонија пат, Стрежево, како и претставници од МВР, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.
Коњановски ја истакна важноста од ефикасно спроведување на Програмата за зимска служба, која беше усвоена на седница на Советот на Општина Битола. Програмата предвидува мерки за превентивно делување и редовни состаноци на координативното тело за да се обезбеди непречено функционирање на зимската служба на територијата на општината.
Превземањето на овие мерки и активна координација ќе овозможат навремена реакција и поддршка во услови на снежни врнежи и студен бран, со цел зачувување на безбедноста и непреченото функционирање на сообраќајот.







