Будимпешта — На маргините на Меѓународната конференција „Правна конкурентност – Правни инструменти за поконкурентна Европа“, министерот за правда на Северна Македонија, Игор Филков, заедно со својот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ, го посетиле унгарскиот Парламент. Посетата беше организирана од министерот за правда на Унгарија, Бенце Тузсон, со цел да се запознаат со начинот на кој оваа историска институција ги интегрира традицијата и современите технологии.

„Посетата на Парламентот беше од големо значење. Во своите 120 години постоење, оваа институција ја претставува симбиозата на историјата, културата и модерната технологија, што треба да нè потсетува на важноста од зачувување на нашиот идентитет додека чекориме кон иднината,“ изјави министерот Филков.

Парламентот на Унгарија, како едно од најзначајните историски и политички обележја на земјата, демонстрира како традицијата може да се усогласи со потребите на современото општество.
Министерот Филков додаде дека овој вид на меѓународна соработка и размена на искуства е важен за создавање на правен систем кој ќе се темели на вредностите на правдата и иновациите. „Нашата цел останува да продолжиме со изградба на правниот систем што ќе го поддржи напредокот на земјата и ќе ја зацврсти нашата позиција како лидер во регионот,“ истакна Филков.

Посетата беше важен дел од континуираните напори за зајакнување на дијалогот и соработката со земјите од регионот и Европа, кои споделуваат слични цели за унапредување на правниот систем и правната конкурентност.







