Предлог од иницијативата НаТочак:
?На фотомонтажата е прикажана нејзина можна трансформација од коловоз со ленти со димензија од 3,10-3,25 метри во коловоз со ленти со димензија: 3,5 -3,7 метри за мешана автобуско-велосипедска лента и 2,75 метри за автомобилите, без никакви градежни интервенции, само со ознаки и евентуално некакви лесни монтажни прегради.
?Од 4 ленти за коли од кои најчесто се користат 2, поради некој паркиран „на 5 минути“ до исто така само една активна лента за автомобили во насока
?+? но и специјални ленти за јавниот превоз и велосипедите кои во моментот недостасуваат. Со вакво решение и тротоарите би биле позаштитени.
?Дел од улиците од примарната мрежа последниве години се трансформираа (си ги добија назад постоечките велосипедски патеки кои беа неуредени или узурпирани со паркирани возила или пак добија велосипедски ленти со патна диета), но на дел од нив, како „Борис Трајковски“ или „Цветан Димов“ иако непосредно го тангираат центарот на градот сѐ уште не се спроведуваат издвоени велосипедски ленти или патеки со изговор дека нема доволно простор…
?Измеривме. Се работи за сегмент долж „Цветан Димов“ долг само 1,1 км, од надвозникот северно од Битпазар до ул. „Џон Кенеди“, каде улицата е потесна, а во остатокот може да се издвојат посебни велосипедски ленти. Пробавме да издвоиме и тука. Но тоа би значело:
-или сведување на коловозот на 3 ленти за возила, што би било во ред кога тука не би минувале толкав голем број линии на јавен превоз за кои се залагаме да има посебни ленти.
-или сечење на дрворедот што е недозволиво.
-или делење на просторот со пешаци што е невозможно во тие димензии и не би било позитивно за локалниот живот кој е многу активен на оваа улица
Сметаме дека во сегмент долг 1,1 километри не е проблем да се споделува лента меѓу автобуси и велосипеди. Тоа секако е подобро од сегашното решение каде најдесната лента се споделува меѓу паркирани возила, возила во движење, автобуси и велосипеди. Движењето 30 наместо 50 км/ч на толкав сегмент со сите постојки не би ги успорило автобусите повеќе од 52 секунди
https://www.facebook.com/338903286177490/posts/3397161063685015/







