На 11 ноември, заменик министерот за внатрешни работи, д-р Астрит Исени, учествуваше на тркалезната маса организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Северна Македонија. Настанот, кој се одржа во хотел „Арка“ во Скопје, се фокусираше на темата „Учење од Извештајот за статусот: унапредување на вклученоста на Ромите во Северна Македонија“.
Во рамки на дискусиите на различни панели, претставниците од вклучените институции ги разгледуваа досегашните преземени мерки и решенија, како и ги идентификуваа идните насоки за подобрување на вклученоста на Ромите.
Во фокус беше и ажурираниот извештај за специфичниот статус на земјата, во контекст на Акцискиот план на ОБСЕ, кој има за цел да го поддржи развојот на инклузивни политики за поширока општествена интеграција на оваа заедница.






