На 10.11.2024 во 17.30 часот во Полициското одделение Теарце, Е.А.(18) од с.Теарце пријавил дека околу 13.00 часот пред дворот од семејната куќа, неговиот татко М.А. и неговиот брат А.А. биле физички нападнати од неговите чичковци И.А. и Г.А. и братучедот А.А., на што тие им возвратиле, а тој со нивен сосед успеал да ги раздвои. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







