Бугарскиот шоумен и во моментот најпопуларниот бугарски политичар, Слави Трифунов вели дека ако не признаеме дека сме Бугари, ќе останеме надвор од ЕУ.
„Предлогот до Македонците, оп, извинете – северните Македонци, ако ги признаат своите историски бугарски корени, и ние ја признаеме моменталната состојба на работите, а моменталната состојба е да ги признаеме македонскиот јазик и нација -тоа е за нив најдобриот предлог што можат да го добијат. И тоа во ситуација кога целата нивна сегашна државичка се заснова на антибугарска реторика, нарекувајќи нè Бугари – Цигани и Татари. Почитувани Македонци, извинете – северномакедонци, ќе се навикнам, но ми треба време – да бидам искрен, јас сум многу толерантна личност, но сè има свои граници. Ве гледам како чекате бугарски пасоши, гледам како доаѓате на бугарското црно море и бугарските летувалишта, гледам како вашите деца доаѓаат да учат на бугарските универзитети, гледам како мислите дека „Јовано, Јованке“ е македонска, извинете, северномакедонска песна, и се прашувам – зошто, луѓе? Нели сме цигани и татари? Значи, сакате цигански пасоши, доаѓате во Татарското Црно Море, студирате на цигански универзитети и „Јовано, Јованке“ е на крајот циганска песна ( да ми проста Циганите – тој толку емотивен и раселен народ низ целиот свет) Значи, Северна Македонија нема да добие подобар компромис и ако не се усогласи со нејзините историски бугарски корени, таа ќе постои надвор од Европската унија“, пишува тој
Повеќе на :https://www.faktor.mk/trifunov-reche-nema-eu-ako-ne-priznaeme-deka-sme-bugari-a-nacoski-mu-vrati-deka-ne-sme-eden-narod







