На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и на регионалниот патен превец Пробиштип – Страцин е околу 5 см со што е отежнато движењето на возилата, извести ЦУК.
Во планинските села односно на патниот правец Кратово-село Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема.
Селата Трновец, Талашманци и Крилатица од вчера немаат електрична енергија и од ЕВН известуваат дека екипи се на терен за да го лоцираат дефектот.







