На 09.11.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги привеле М.В.(28) и Г.Б.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција констатирано било дека го пречекориле дозволениот престој во државата.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.






