На прашањето дали тоа мнозинство во Советот на Општина Битола е опозиција, советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели:
„Тоа мнозинство во моментот во Советот на Општина Битола е власт во Советот на Општина Битола, а опозиција е во делот на локалната самоуправа, бидејќи градоначалникот е од ВМРО ДПМНЕ и сите проекти кои што ќе се изгласаат тука во Советот, градоначалникот е должен да ги исполни, да ги реализира, како што се прави во изминатите три години“ вели Бојкоски.
Прашавме дали ја чувствуваат како лесна опозиција.
„Лесна опозиција, СДСМ за жал од една голема партија падна на едни ниски гранки тука во Битола, бидејќи е водена од една мала група на луѓе кои што се независни советници и мислам дека во моментот тие ги водат, односно тоа е една двојна игра каде што едните со другите си се користат, со цел некој да ќари некакви политички поени во моментот, меѓутоа кога ќе дојдат изборите, во месец октомври 2025 година, тогаш граѓаните ќе си направат еден пресек и ќе се кажи дали политиките кои што се воделе во изминатите четири години се добри или лоши. Тука граѓаните ќе гласаат за или против оваа локална власт“ рече Бојкоски.






