Министерот за спорт, Борко Ристовски, остро реагираше по скандалозниот натпревар во Купот на Македонија за жени, помеѓу екипите на Скопје и Гевгелија, каде играчките намерно постигнуваа автоголови и промашуваа шутеви кон противничкиот гол.
„По прегледување на снимките, веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за спортска дејност, што ќе ги спречи да учествуваат во домашниот шампионат. Ваков сериозен прекршок на спортските правила мора да биде ставен под контрола,“ изјави Ристовски.






