Во Битола наскоро ќе започне со работа нова хуманитарна иницијатива на Јавното претпријатие Паркинзи Битола, со која се поставени пет нови паркинг места, од чиј приход целосно ќе се поддржуваат хуманитарни цели. Паркинг местата се лоцирани веднаш до крстосницата на улицата 11-ти март со улицата Филип Втори Македонски, наспроти локацијата на поранешниот Јавор.

Оваа иницијатива доаѓа по едногласната одлука на претпријатието и е дел од напорите на ЈП Паркинзи Битола да ја вклучи локалната заедница во поддршка на добротворните активности. Со користење на овие паркинг места, граѓаните директно придонесуваат за благосостојбата на најзагрозените во заедницата, што ја покажува солидарноста и грижата на Битолчани кон најпотребните.

Наплатата на овие места ќе започне наскоро, а очекувањата се дека средствата собрани преку оваа иницијатива ќе бидат значајни и ќе обезбедат поддршка за различни добротворни проекти и активности.

Со оваа одлука, ЈП Паркинзи Битола испраќа силна порака за социјална одговорност и го повикува секој граѓанин да го даде својот придонес во овој важен хуманитарен проект.






