Македонската пејачка и еден од најдобрите вокали во земјата, Андријана Јаневска, оствари значаен успех на меѓународно ниво со потпишување договор со светската филмска и забавна компанија Warner Bros. Јаневска учествуваше како главен вокал на официјалниот саундтрак на новата видео игра Mortal Kombat 1, еден од најпознатите и најпопуларни франшизи во светот на гејмингот.
„Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект. Оваа соработка со Warner Bros. е важен чекор за мене и неверојатно искуство,“ изјави Јаневска, изразувајќи го своето задоволство од овој значаен успех.
Со своето вокално учество, Андријана Јаневска внесува нова димензија и емоција во саундтракот на играта, дополнувајќи го искуството на играчите со нејзиниот уникатен глас. Овој проект претставува значајно признание за македонскиот музички талент на светската сцена и отвора нови можности за македонските уметници на глобално ниво.







