На 07.11.2024 во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола за откривање и санкционирање на возачи и возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, на булевар „Илинденска“ биле затекнати патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, управувано од К.Б.(69) од Тетово, патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски таблички, управувано од И.Н.(64) од с.Челопек, тетовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски таблички, управувано од У.Р.(70) од Тетово, кои вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган. По документирање нас случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







