Директорот на детската болница, Реџеп Мемеди, реагираше на неофицијалните информации со политички тенденции, кои според него не ја ценат животот на децата, туку директорската позиција.
„Децата се нашите најмили, животот на секое дете вреди повеќе од сè друго, но заради вистината и за запознавање на јавноста, принуден сум да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника“, напиша Мемеди.
Тој објави табела каде јасно се гледа дека во изминатите години, кога е познато кој бил на власт, смртноста во Детската клиника била до трипати повисока во споредба со оваа година, или како што вели Мемеди, „Имало просечно до 9 смртни случаи месечно“.
За овие официјални информации и други, следната недела Мемеди ќе се обрати на јавноста преку електронските медиуми со прес-конференција.
„Во овие 4 месеци, откако сум вршител на должност директор на Универзитетската клиника за детски болести, при скенирањето на состојбата на Клиниката, наидов на многу проблеми кои со години биле натрупувани и нерешени! Некои од нив се со висок ризик, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно решавање. Јавноста ќе биде информирана навреме за сите активности што ги спроведуваме на Детската клиника“, заврши Мемеди.






