Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ , во соработка со Општина Битола, Министерството за животна средина и просторно планирање, а со поддршка на шведската заедница на локана самоуправа САЛАР Интрернационалн, денеска официјално го започна процесот на селектриање на отпад. На жителите на населбата Јенимаале им беа доделени канти за селекција на пластичен смет.

Селекцијата на отпад и можноста за рециклирање и добивање на сосема различнo материјално добро од отпадот е светски тренд, за кој во Македонија се зорува многу, а генералниот впечаток е дека не се делува исто толку. ЈП„Комуналец“ со денешната активност го надмина ваквиот впечаток – започна активност со која на граѓаните на Битола ќе им додели 1.212 канти за смет, 59 контејнери со различна боја , а за дополнителна селекција на отпадот.

„Проектот е предвиден во три фази. Во првата фаза, тука, во населба Јенимаале ќе се доделат 606 канти за селекцијана пластика кадешто секо домаќинство ќе добие канда со жолта боја кајшто е наменета за селекција на пластика. Ќе се подигнува организирано еднаш во месецот на почеток, а согласно со потребите, подоцна би се подигало и побрзо. По завршуавњето на оваа започнуваме со втората фаза , во населбата во поранешната касарна во станбените згради ќе се доделуваат контејнери – сини и жолти, сините за подигнување на хартија, жолтите за пластика и, третата фаза ќе биде за доделување на други 606 сини канти овде, за дополнителна селекција на хартија “ – рече Горан Степановски, директор на ЈКП „Комуналец“ .

Ова е општински чекор кон подигнување на свеста на населението во општината за толку зборуваниот светски тренд, а наскоро и да знаеме дека секој отпад може да е продукт, вели директорот Степановски. Освен општината, во обезбедувањето на кантите за смет е вклучено и министерството за животна средина, а доделивањето треба да заврши во февруари, в година. Селекцијата на отпадот е од поодамна започната во градот, но овој модел мора да го користиме сите во градот, вели битолскиот градоначалник.

„Сето е ова се почетоци на едно селектирање на отпат што го имаме и процес кој треба да го усовршиме и да го подигнеме на повисоко ниво; со едукација на граѓаните, еве со распределба на контејнери а со цел новата депонија, од југозападниот е пелагонискиот регион која треба да биде на територијата на општина Новаци, да воспоставиме еден систем, конечно да влеземе со еден дел во Европа и тој модел да го рашириме во останатите делови на градот, да отпочнеме нешто. Затоа што навистина, се работи и за менталитет, се работи и за едукација на граѓаните, а секој отпад е корисен, секој отпад може да се искористи и, во таа насока еве отпочнуваме , со поддршка на САЛАР и на Министерството за животна средина. “ – рече градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски.
Доколку селекцијата се спроведува доследно, тоа е чекор повисоко на скалата „европски“ град со „европски граѓани“ за Битола.

„Она што ние како граѓани на Битола за почиста животна средина треба да го направиме тоа е тоа, да бидеме одговорни , кон нашиот град, кон сопствената улица , маалото, сопствениот дом и нашите деца, да покажеме со сопствен пример како се селектира , како се рециклира во некоја друга фаза и тоа што сите го прават во Европа да го правиме и ние“ – додаде градоначалникот.
Додека траеше формалното доделување и регистрирање на граѓаните кои од денеска ќе селектираат пластичен отпад, со нив зборуваа претставници на Шведската заедница на локална самоуправа САЛАР. Пеле Халбер е жител на градчето Јавле, 200 километри оддалечено од Стокхолм, дел од САЛАР интернационал. Вели, во Шведска започнале со рециклирање во 90години од минатиот век. ( и не им било лесно)

„Можеби една од најважните работи е промената на однесувањето на луѓето. Комуникацијата со нив, едукацијата и местото кадешто ќе се одлага отпадот. Може да кажам дека и ние кога почнавме бевме на истата позиција како што е сега Македонија. Имавме многу работа и не чекаше долг пат, но сега само 1% од отпадот се одлага во депониите. А сепак, мора да се работи на секојдневна комуникација со луѓето, затоа што иако знаат, не секој го прави тоа.“ – рече тој.

Од „Комуналец“ денеска со кантите за смет на жителите на Јенимааел им поделија и едукативни флаери кои директно посочуваат кои производи, смет од амбалажа и слично треба да се одлага во различните канти. Едукацијата на населението ќе им започне од најмладите.







