Министерот за правда, Игор Филкив, се сретна со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, и заменик директорот, Илир Исени. Средбата се одржа во духот на конструктивен дијалог, каде што се дискутираа предизвиците со кои се соочува Академијата, како и решенијата кои ќе овозможат подобри просторни услови и зголемени капацитети за обука на идните судии и обвинители.

Една од централните теми беше потребата за оптимизација на роковите за полагање испити, со цел процесот да стане побрз и поефикасен. Ова би им овозможило на кандидатите побрзо да го завршат обуката и полесно да пристапат до своите нови улоги.
Министерот Филкив потенцира дека министерството ќе продолжи да работи во тесна соработка со Академијата, со фокус на размена на искуства и ресурси, кои ќе придонесат кон создавање на иновативни и современи програми за обука. Новите програми ќе бидат дизајнирани така да ги одговорат на реалните потреби на правосудниот сектор и да го зголемат професионализмот и ефикасноста на идните судии и обвинители.






