Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Не сакавме да заминеме од селото па отворивме фарма за коњи и етно куќа, сега луѓето идат кај нас!

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-11-04
in Uncategorized
Не сакавме да заминеме од селото па отворивме фарма за коњи и етно куќа, сега луѓето идат кај нас!

Сопружниците Тамара и Зоран Ребиќ, на нивниот имот имаат 15 арапски и англиски чистокрвни коњи , произведуваат млеко од кобила и природна козметика, а особено се горди на етно куќата во која доаѓаат туристи од целиот свет кои преку работа на имотот, сакаат да ја почувствуваат магијата на руралниот живот на имотот.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

 „Бидејќи јас и мојата сопруга пораснавме на село и многу ја сакаме природата, решивме дека ќе останеме засекогаш на село за да им овозможиме на нашите деца да растат и живеат со природата. За да можеме да егзистираме надвор од градот, моравме сами да си создадеме работни места. За среќа,  вакво рурално подрачје како што е  Билогора е идеално за развој на семејни фарми. Имавме голема  желба да се посветиме на одгледување коњи и  во 2007 година ја регистриравме нашата фарма каде и двајцата работиме денес, иако морам да признаам дека повремено кога ни требаат  повеќе финансиски средства  одам на работа во странство за кратко време“, ни кажува Зоран Ребиќ.

 Сопружниците инвестирале само свои средства за започнување на семејната фирма, но сега редовно аплицираат на разни повици и добиваат субвенции за одгледување на коњи, за периодот 2016-2020 година. Ова, велат тие, им е од голема помош и дека  оваа помош  ги стимулира да продолжат да го развиваат  своето земјоделско стопанство, кое, според Ребиќ, е многу конкурентно и на европскиот пазар, бидејќи сè повеќе луѓе им даваат предност на квалитетните производи.

Етно куќата е полн погодок!

„На нашиот имот, кој опфаќа три хектари земја, во централниот дел се наоѓа рурална етно-куќа’ наречена„ Билогорска магија“ ’. Бидејќи сè повеќе туристи доаѓаат на имотот, куќата се покажа како полн погодок затоа што ја изнајмуваме во текот на целата година на гости кои не сакаат само кратка прошетка низ имотот, туку во оваа незагадена природа,  сакаат да останат подолго за да ја доживеат целата магија на руралниот живот “, ни раскажуваат Тамара и Зоран.

Нивната волшебна, етно куќа е спој на современ и традиционален дизајн, а она што ја прави извонредна е збирката од дури 300 експонати на стари занаети. “Ексопонатите се собрирани многу години, а денес тие формираат уникатна колекција која го евоцира животот и обичаите на нашиот регион Билогора. Колекцијата содржи голем број на различни корисни предмети, од земјоделски алати, преку кујнски прибор до ракотворби”, велат Ребиќи.

 Нивната етно-куќа е опкружена со цвеќиња и убава еко-градина, каде растат автохтони лековити и украсни растенија од регионот Билогора, кои посетителите и гостите на имотот дури можат и да си ги наберат.

Туристите сакаат да работат во шталите

 „Покрај  сместувањето, на нашите гости им даваме можност да научат за традицијата на нашиот крај. Но, најмногу од се, ги раdува тоа што можат да работат заедно со нас во шталите каде што во моментов имаме 15 арапски и англиски чистокрвни коњи. Како основачи на коњичкиот клуб „Троја Галоп“, со повеќе од 50 члена, учествуваме на натпревари и ревии на кои нашите коњи имаат освоено голем број награди. Арапскиот пастув Мабрук Амор е гордост на клубот со 13 старта и 13 победи, а во 2018 година  коњот од нашата штала Маси Гер, чии сопственик е Жељко Фертаj е прогласен за најубав коњ во Билогора “, вели Тамара, која исто така е лиценциран тренер за обука и подготовка на коњи за галоп трки.

 Произведуваат млеко од кобила и природна козметика

Посетителите исто така можат да пробаат и здраво млеко од кобила

 „Употребата на млеко од кобила води потекло уште од древните  култури. Во стариот  Рим, па  и низ цела Европа биле познати неговите лековити и регенерирачки својства, а заради неговото благотворно дејство го користела и една од најраните икони на убавината, Клеопатра, која редовно се бањала во млеко од кобила. Млекото од кобила е богато со витамин Ц, омега 3, 6 и 9 масни киселини, има смирувачко и антиинфламаторно дејство на кожата, го ублажува чешањето, егземата, иритацијата и црвенилото и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата, а на телото му дава енергија па затоа млекото од кобила е на менито на многу спортисти.

„Од примерот од нашите синови, Јан и Фран, кои имаа респираторни проблеми, се убедивме дека млекото од кобили навистина помага при кашлање, бронхитис и астма “, рече Ребиќ, истакнувајќи дека постојат бројни научни студии кои потврдуваат дека ова млекото е здрав додаток во исхраната, особено за деца, стари лица и спортисти.

Список на чекање за млеко од кобила

 „На почетокот на производството, нашето млеко од кобила го конзумираа претежно пријатели и познаници. Денес, побарувачката за млеко се зголеми толку многу што во некои периоди, во текот на годината,  имаме дури и список на чекање. Се повеќе луѓе се свесни дека природните производи  се далеку подобар избор од вештачки произведените додатоци во исхраната, а кога на тоа ќе  го додадете и доаѓањето по млеко на имотот,што овозможува дружење со коњите и престој на чист воздух, задоволството е непроценливо “, рече Ребиќ, кој исто така им доставува производи на клиентите по пошта, дома, а повеќето пакети се испраќаат до лојалните клиенти во Далмација.

Млекото се пакува во шише од 2 децилитри, што е доволно за еден или два дена. Рокот на траење е 2 дена ако се чува во фрижидер или 9 месеци ако се чува во замрзнувач.

 Прават кремови, сапуни и шампони од млеко од кобила

Пред две години, Тамара започна да произведува и природна козметика, кремови, сапуни, шампони ,  балзами за усни и мелеми.

 „ Сите производи на нашата фарма ги правиме  рачно, со многу љубов и труд. Основата на сите производи е млекото што го добиваме од нашите кобили. Целата понуда на производи е произведена во домашни услови и со посебно внимание ги следиме сите трендови во производството на природна козметика. Имаме прифатливи цени, особено за странците кои имаат многу повисок стандард од нашиот. Сепак и домашните купувачи сакаат да го посетат имотот и да ја видат постапката на изработување на производите,да прошетаат и да јаваат коњи. Количините ни се ограничени и освен што одиме на саеми, сè што произведуваме се продава од нашиот  куќен праг “, ни кажува Тамара.

 Семјеството Ребиќ со своите производи редовно учествува на сите манифестации и саеми во нивната околина, а многу им помага и  општината Велико Тројство, која често нивните производи ги подарува на своите деловни партнери и соработници.

Тие ја споделуваат својата приказна на социјалните мрежи секој ден.

Сè што се случува на нивниот имот , од потковување и јавање на  коњите па се  до козметиката, редовно го објавуваат на социјалните мрежи. „Животот на село е она што навистина го сакаме и во што уживаат и нашите синови. Ние веруваме дека младите семејства како нашето имаат иднина во селата. Цел ден, од утро до мрак, ни е  поврзан за коњите, од кои живее целото семејство. Наша желба е да останеме на село и затоа имаме намера и понатаму да го прошируваме производството на  фармата, со цел да станеме најдобри во полето на руралниот туризам и производство на природна козметика во Билогора “, рече Ребиќ, кој ја претставуваше Хрватска во Брисел минатата година, во рамките за избор на најмлад земјоделец.

 Ова искуство, велат тие, е драгоцено за нив и им помогнало добриот глас за нивната мала, но перспективна етно куќа да се чуе надалеку.

Извор :Агроклуб

Previous Post

Каракачанов: Македонците нѐ нарекуваат фашисти и татарско племе!

Next Post

Продавачка во маркет: „Чекам што побрзо да заврши смената“

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Продавачка во маркет: „Чекам што побрзо да заврши смената“

Продавачка во маркет: „Чекам што побрзо да заврши смената“

Recommended

Во Куманово син му помагал на осомничениот татко за убиство

Со нож прободен началникот на струшката полиција, напаѓачот приведен

2 years ago
Путин постави рок: „Имате 12 дена“

Путин постави рок: „Имате 12 дена“

1 month ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.