По повод „4 Ноември“ – Денот на ослободувањето на Битола, во Центарот за култура се одржа Свечена академија на која беа доделени четвртоноемвриските награди. На свеченоста на која присуствуваа голем број делегации и гости, свое обраќање имаше градоначалникот Тони Коњановски, кој направи кратка ретроспектива на значењето на денешниот ден за градот и реализираните проекти од локалната самоуправа во изминатата една година:
„Вечерва се потсетуваме на борбата и храброста на нашите предци, на направените жртви, но и на издржливоста на нашиот народ, во очекувањето на светлината на новата зора, исполнета со надеж и можности.
Оние кои некогаш сонуваа за посветла иднина, презедоа акција за да го направат сонот – реалност. Наследството живее во нашата посветеност да ги поддржуваме вредностите на слободата, правдата и мирот. Наша должност е да се погрижиме нивните жртви никогаш да не се заборават, а лекциите од историјата да не водат во нашата потрага по подобро утре.
Токму затоа, денес продолжуваме да се бориме со нашите интелектуални капацитети за понатамошен раст на Битола, нејзин развој и напредок во сите области, пред се преку активна вклученост на младите во сите области на делување.
Изминатите денови, почнувајќи од 26 октомври направивме едно поврзување на спортот, културата, уметноста, односно се она што е гордост на Битола и за што нашиот град, можам да речам дека е расадник на голем број таленти, покажани и докажани на нашите простори, но и во светски рамки.
Синоќа, добивме и една посебно значајна честитка од нашиот фудбалски клуб „Пелистер“ со победата над екипата на „Вардар“, на првиот ноќен натпревар на Стадионот Петар Милошевски по поставувањето на рефлекторите.
Поддршката на спортот и културата е само дел од она што ни овозможува напредок, додека инфраструктурната изградба е главниот услов за економски просперитет во убав, уреден и град кој нуди многу можности.
Како локална самоуправа, продолжувајќи ја визијата за Битола и изминатата година, се насочивме кон реализација на проекти кои значајно ја подобруваат инфраструктурата, овозможуваат подобри услови за живот на сите граѓани, ја збогатуваат културно – туристичката понуда и придонесуваат за економско заживување на градот и нови инвестиции, што се потврдува со новонајавените инвеститори во Индустриската зона Жабени, новоотворениот трговски центар БЛИС, најавениот ЛИДЛ.
Битола повторно станува привлечно место за инвестиции, како резултат на повеќе капитални проекти со кои веќе се случуваат видливи промени.
Традиционално, на 4 Ноември, правиме краток осврт на она што сме го направиле изминатата година во интерес на Битола.
Во тој контекст изминатата една година:
Покрај доделувањето на наградите, Програмата беше збогатена и со културно – уметнички перформанс на кој преку настап на културно – уметнички друштва, хорови, актери, новинари, пејачи и изведувачи беа прикажани значајни настани, фестивали и други карактеристични обележја на Битола, кои постоеле во минатото, а многу од нив и денес се значајни промотори на Битола.









