Во одличен натпревар исполнет со страст и пожртвуваност, ФК Љуботен триумфираше против ФК Зајас на гостински терен во Кичево со резултат 2:4! Нашите момци покажаа фантастична игра, борејќи се за секоја топка и секој дел од теренот. Оваа победа значи три нови бода за тимот, кои ги носат назад дома со гордост.
Стрелци:
• ⚽️ Бојан Костадиновски
• ⚽️ Јован Богдановски
• ⚽️ Тео Симњановски
• ⚽️ Виктор Јовановски
По оваа успешна победа, нашиот тим се подготвува за градското дерби против братскиот клуб ФК Тетекс следниот викенд. Ги покануваме сите љубители на фудбалот од Тетово да дојдат на стадион и да го проследат овој возбудлив натпревар.






