Министерството за енергетика на својавата веб страна ги објави списоците за граѓани кои ќе добијат ваучери за инвертери од огласот кој беше распишан во февруари годинава. На страната објавени се и фирмите од каде што граѓаните ќе можат да ги купат инвертерите.
„Најдоцна до 6 ноември на веб страната на Министерството ќе биде објавен датумот и локацијата за подигнување на ваучерите“, стои во соопштението на Министерството за енергетика.
За овој проект обезбедени се 4,1 милион евра или има пари за околу 8.000 ваучери. На повикот пристигнаа вкупно 18.805 барања по двата јавни повика. На огласот кој не е за ранливи потрошувачи барања доставија 14.500 баратели, а за огласот за ранливи потрошувачи 4.305 баратели.






