Денес, Дирекцијата за заштита и спасување имаше чест да го пречека првиот Вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г-дин Изет Меџити. На настанот, присутно беше раководството на Дирекцијата, предводено од Директорот г-дин Џеват Захлами, кое изрази големо задоволство од поддршката која Вицепремиерот ја понуди во контекст на позитивните процеси за идната реформа на системот за заштита и спасување.
Дирекцијата за заштита и спасување, како главен столб на цивилната заштита во Република Северна Македонија, веќе започна со реализација на сериозна агенда за реформирање на постојниот систем. Целта е да се унапреди ефикасноста и ефективноста во своето работење, оставајќи се посветена на служба на граѓаните. Поддршката од страна на Вицепремиерот Меџити е значаен поттик за оваа иницијатива, која има за цел да ги подобри условите за заштита и спасување во земјата.






