Горан Трајковски, се уште актуелен директор на ДПИ во заминување, беше соговорник во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Тој кажа дека големите ланци на маркети треба да бидат почесто затворени, доколку не ги почитуваат одлуките на Владата.
„Јас поднесов Закон за ДПИ. Еве на пример за голем ланец на маркет казната за непочитување на одлуки е 7000 евра, ако ја плати во рок од 7 дена е 3500 евра. Тоа не е ништо за големите ланци на маркети, ќе ја плати и ќе продолжи да работи без никаква штета“, изјави Трајковски.
Тој предлага да има затворање и забрана за вршење на дејност за да се свестат големите ланците на маркети.
„Не им е важна казната на големите ланци на маркети, ги боли затворањето“, рече Трајковски.
Извор: ТВ21







