Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Скопје и Софија се согласиле тунелот кај Деве Баир да го гради еден изведувач и да се преиспита цената на пругата кон Бугарија

by
2024-11-01
in Uncategorized

Македонската и бугарската страна на вчерашниот состанок во Софија за пругата на Коридорот 8 се согласиле постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на Европската Унија

Да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и ревидирање на цената и на самиот проект. Овие три аргументи кои изминатиот период ги посочуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со железничкото поврзување на Северна Македонија и Бугарија преку Коридорот 8 биле прифатени на состанокот што вчера се одржал во Софија помеѓу делегации од двете земји и претставници на Европската Унија, соопштија утрово од Министерството за транспорт.

 состанокот, како што информираат оттаму, од македонската страна предводена од државниот секретар во Министерството за траспорт Стeфан Велковски и директорот на „Железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, било истакнато дека земјава не отстапува од железничкото поврзување на кое се гледа како на регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во врска со ова, а по проценетите ризици и во контекст на изведбата, било заклучено на изградбата на тунелот од железничката траса да работи еден изведувач.

Според Министерството за транспорт, на состанокот од двете страни исто така било прифатено третата фаза од проектот, односно делницата Крива Паланка – Деве Баир, да биде преиспитан во однос на цената бидејќи сегашната е превисока и неразумна и интенцијата е таа да се намали.

„Двете делегации, исто така, се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот, поднесен од ЈП ‘Железници – инфраструктура’“, се додава во соопштението од Министерството.

Претставниците на делегациите се договориле двете земји да формираат работни групи чија цел ќе биде да ја подготват потребната документација за тунелот.

„За време на состанокот страните разменија информации, временски рамка за изградба, а споделија и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел ‘Деве Баир’. Страните, исто така, се договорија постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ“, се наведува во соопштението.

За состанокот вчера информираа и бугарските медиуми, кои го пренесоа соопштението на тамошното Министерство за транспорт, во кое иста така се наведува дека двете страни размениле информации, одредиле временска рамка и споделиле своите искуства за техничките прашања и теми поврзани со изградбата на Коридорот 8, со акцент на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.

И од бугарската страна наведуваат дека учесниците на состанокот се согласиле дека е поцелисходно тунелот да го гради еден изведувач, за што добиле поддршка од претставниците на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои изразиле подготвеност да помогнат во подготовката и спроведувањето на тендерската постапка.

Која од страните ќе ја спроведе јавната набавка за изведувачот на тунелот ќе се одлучи на некоја од следните средби со финансиските институции, наведуваат од бугарското Министерство.

Вчерашниот состанок беше договорен на средбата што на 16 октомври во Брисел ја имаа претставници на Северна Македонија и на Бугарија, а на кој двете страни постигнаа согласност заеднички да продолжат со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8.

Инаку, изградбата на пругата кон Бугарија изминатиов период беше доведена под знак прашалник откако вицепремиерот и министер за транспорт на земјава, Александар Николоски отворено се спротивстави на продолжувањето на изградбата на третата делница (Крива Паланка – Деве Баир), обвинувајќи ја Бугарија дека нема проект за Коридорот 8.

Previous Post

Барани до 10 илјади евра мито за разни дозволи

Next Post

ТЕТОВО: Муфтијата Несими незаконски им наплаќал на трговци за користење тротоари

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

ТЕТОВО: Муфтијата Несими незаконски им наплаќал на трговци за користење тротоари

Recommended

Јавното обвинителство со минута молк: Запрена постапката против Карадакоски, 60-тата жртва во пожарот во Кочани

8 months ago

И Македонија е киднапирана од левичарски НГО и УСАИД, вели Крис Павловски

10 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.